Чаир

Јакупи: Прифатен еден приговор, ќе се прегласува на избирачко место во Чаир

Локални избори 2017

Управниот суд прифатил една од 16-те тужби поднесени од партиите, за повторување на гласањето на избирачко место 2901 во општина Чаир, со образложение дека оваа одлука може да влијае врз изборниот резултат.  


- Управниот суд донел одлука за повторување на гласањето на избирачкото место 2901 со образложение дека овој резултт ќе влијае врз изборниот резултат. Гласањето ќе се одржи во недела, 12 ноември, потврдил членот на ДИК Субхи Јакупи за Portalb.mk


Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа. На ова избирачко место вкупно се запишани 719 избирачи.


Одлуката за последната 16. тужба се уште не е официјално објавена на веб страницата на Управниот суд.


Судот ги одби останатите 15 тужби, што политичките партии ги поднесоа по вториот круг од локалните избори одржани на 29 октомври.


Најмногу тужби против одлуките на Државната изборна комисија до Судот поднесе „Алијанса за Албанците“ – вкупно 11, четири поднесе Беса, а една тужба поднесе Народното движење за Македонија.


Претходно, ДИК ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.