Чаир

Акција за кастрење на гранките на дрворедите во Чаир

Кастрење на гранките во Чаир

Во општина Чаир од денеска до среда ќе се спроведува акција за кастрење на гранките на дрворедите. 


Акција се спроведува од крстосницата на улицата „Кемал Сејфула“ до краjот на дрворедите на оваа улица и од крстосницата на улицата „Џон Кенеди“ до крстосницата на улицата „Втора македонска бригада“.


Како што информира општина Чаир, се кастрат гранки на дрвјата кои го попречуваат јавното осветлување во вечерните часови, особено коловозот и пешачките патеки.


Во соработка со јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Градски паркинг“ во оваа општина се подигаат и преместуваат непрописно паркираните возила на коловозот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.