Чаир
Чаирчани имаат нова фитнес зона
- Детали
- Создадено: 26 Октомври 2018
Агенцијата за млади и спорт во општина Чаир пушти во употреба нова фитнес зона.
Официјално во употреба фитнес зоната ја пуштија директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски заедно со градончалникот Висар Ганиу.
-Сакам оттука да упатам порака за правилна и максимална искористеност на фитнес зоната од страна на сите граѓани, а особено од страна на младите лица, рече Каевски.
Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт и во иднина ќе продолжи со вложување и поддршка на спортот во оваа општина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс