Чаир

Паркирањето на Пластичарска и кај Чаирчанка ќе се решава со катни гаражи

Општина Чаир ќе изработи три физибилити студии за да ја определи оправданоста од воспоставувањена јавно – приватно партнерство за изградба на две катни гаражи на нејзината територија, но и за давање на паркинзите што се под општински ингеренции.

 

Советодавните документи треба да покажат дали би била исплатлива инвестиција на идната приватна компанија доколку се градат нови објекти за паркирање на Пластичарската улица и на паркингот кај трговскиот центар „Чаирчанка“.

 

„Општината нема можност да инвестира во паркинг и затоа е планирано да се најде приватен партнер со кого би се склучил договор“, се нагласува во огласот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки. На двете фреквентни локации во Чаир би инвестирал приватен партнер во изградба на катна гаража, додека приходите од овој бизнис би ги делел со општината. Сепак, пред да се распише договорот, од општина Чаир најпрво ќе истражат дали овој потег е исплатлив преку изготвување на трите физибилити студии.

 

 За консултантските услуги е предвидено да се издвојат околу милион денари. До 18 март трае повикот за доставување понуди за изработка на физибилити студијата, по што ќе се избере најповолен понудувач.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.