Чаир

Есенска акција со чистење на Општина Чаир

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ денеска почнаа есенска акција за генерално чистење на Општина Чаир.

 

Од ЈП „Комунална хигиена“ информираат дека во оваа акција рачно и машински ќе се мијат и метат главните и сервисните улици, ќе се отстрануваат дивите депонии, додека ќе се чистат и дворовите на сите образовни институции во оваа скопска општина.

 

Почетокот на акцијата го означија директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, заменик-градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и олимпискиот шампион во борење Шабан Трстена, со посета на ООУ „Цветан Димов“.

 

– Во основното училиште „Цветан Димов“ беше организирана екоманифестација и предавање за совесното и правилно постапување со отпадот, се вели во соопштението.

 

Директорот Шабани истакна дека на овој начин сакат да ја подигнат еколошката свест кај најмладата популација, дека хигиената и чистотата зависат од сите нас.

 

– Секој со своите постапки може да придонесе за заштита на животната средина, а најдобрата почетна точка е чистењето и одржувањето на хигиената во својот двор и непосредната околина каде што живееме, учиме и работиме, изјави Шабани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.