Во наредниот период ќе се обновуваат детските игралишта во Општина Гази Баба

Обнова на детски игралишта

По реакциите од граѓаните дека не се уредуваат детските игралишта, Општина Гази Баба информираше дека игралиштата се наоѓаат во добра состојба, а онаму каде што има оштетени реквизитии во наредниот период ќе следува акција за нивна обнова и реконструкција. Исто така од општината информираат дека се уредува и тревната површна околу детските игралишта.

 

Општина Гази Баба како една од општините во Градот Скопје, има ингеренции согласно Законите за животна средина и заштита на природата. Токму затоа и Програмата за оваа година е во насока на подобрување на квалитетот на животната средина.


Во Програмата се опфатени и активности за подигање на нови и одржување на зелените површини кои се основа за унапредување на животната средина, но секако и одржување на веќе постоечките зелени површини и паркови.


Општината која се состои од седум населени места во урбаниот дел и 15 населени места во руралниот дел подеднакво се труди да обезбеди квалитетни услови во сите населени места, пред се обезбедување услови за најмалите жители на општината, преку изградба на детски игралишта и простор каде што тие можат да се забавуваат.


Во општината може да се забележи дека детските игралишта се многу чести, дел од нив се во одлична состојба, но дел се оштетени или пак некои реквизити се целосно отстранети.


Често пат се случува нови реквизити поставени на игралиштата кои се наменети за малите деца да бидат веднаш уништени од страна на адолесцентите кои во вечерните часови се собираат на овие игралишта. Токму затоа треба да се зголеми еколошката свест кај граѓаните,, која на национално ниво е многу ниска.


Во оваа насока општината во својата програма предвидува активности за сеопфатна едукација на децата од основните училишта и градинките за нивната улога и одговорност во зачувување на животната средина во која живеат и растат. Да им се развие свеста за штетноста на загадената средина, односно предноста за чистата средина и соодветното складирање на отпад и слично.


Што се однесува за хигиената и одржувањето на игралиштата, дел од граѓаните се незадоволни од одржувањето на овие детски игралишта и велат дека тие сами ги средуваат гранките на дрвјата и тревата околу игралиштата.


Од општината, пак, велат дека игралиштата се наоѓаат во добра состојба и во тек е акција за косење на тревата околу нив, додека пак за во наредниот период се планира и акција за обнова и реконструкција на дотраените реквизити на игралиштата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.