Масовно чистење на Гази Баба со нова механизација и зголемена работна сила

Масовно чистење на Гази Баба

Општина Гази Баба започна со решавање на проблемот со одржувањето на хигиената во општината. Градоначалникот Борис Георгиевски најави дека Општина Гази Баба во иднина ќе биде чиста и зелена општина.

 

За таа цел градоначалникот најави подобра организираност на Јавното комунално претпријатие Гази Баба а обезбедена е нова опрема, зголемен е бројот на сезонски работници од 38 на 70, обезбеден е магацински процтор а се подготвува и нов објецт на ЈКП со површина од 300м2. Градоначалникот Георгиевски додаде дека го решаваат и проблемот со водоснабдувањето.


Градоначалникот Георгиевски додаде, започнато е чистењето и на дивите депонии. Од следната недела најави голема акција за чистење на депониите заедно со Градот Скопје на 8 локации.


Директорот на Јавното комунално претпријатие Гази Баба, Влатко Митовски потенцираше дека лошата организираност и слабата опременост биле голем проблем за тоа што претпријатието не ги извршувало редовно задачите до сега. Митовски нагласи дека заедно со градоначалникот започнуваат процес за набавка на нова опрема за комуналното претпријатие, како би можело ефикасно да се извршуваат сите работни обврски.


Митовски додаде дека во рамките на ЈКП постои и работилница за изработка на урбана опрема, корпи за отпадоци, клупи, мали фонтани, летниковци, истата е опремена со нов алат за работа а урбаната опрема ја поставуваат на целата територија од општината. Исто така, Митовски најави од понеделник ќе биде активна телефонска линија на која граѓаните ќе можат преку Viber да пријават било каков отпад, со слика и точна локација.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.