Забава и важни информации за матурантите утре на плоштадот во Автокоманда

,,Отворен ден со факултетите,,

Сите матуранти кои сакаат да се запознаат со програмите кои ги нудат факултетите на УКИМ кои се наоѓаат на територија на Општина Гази Баба можат да го сторат тоа утре на плоштадот во Автокоманда од 11:00 до 14:00 часот каде за прв пат се организира ,,Отворен ден со факултетите,,.

 

Утре на плоштадот во Автокоманда за прв пат ќе се организира ,,Отворен ден на факултетите,, во период од 11:00 до 14:00 часот. Целта на овој проект е факултетите од УКИМ кои се наоѓаат на територија на Општина Гази Баба на едно место да ги презентираат нивните наставни програми наменети за студентите кои од оваа година треба да го започнат академското образование. Преку овој отворен ден кој се организира во Општина Гази Баба матурантите ќе имаат можност да се запознаат со програмите кои ги нудат Природно математичкиот факултет, Земјоделскиот факултет, факултетот за дизајн и технологија на мебел и ентериер, Шумарски факултет и Факултетот за Ветеринарна медицина за да можат да го направат вистинскиот избор за градење на својата професионална кариера. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, ги повика матурантите утре да дојдат на плоштадот во Автокоманда и да бидат дел од Отворениот ден на факултетите.


,,Отворениот ден на факултетите,, е резултат на меморандумот за соработка со кој се формира една кампус целина која со своите содржини и активности ќе биде од голема важност и за пошироката заедница. Оваа иницијатива е во насока на развивање заеднички пристап во квалитетна едукација на младите, со што се отвораат нови можности за продлабочување и проширување на научната, техничката и апликативната соработка, преку поттикнување на иновативните вештини на студентите.


Отворени денови со факултетите се организираа и во средните училишта на Град Скопје.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.