Сериозна материјална штета од невремето во Скопје

Невреме во Скопје

Дождот и невремето што го зафати скопскиот регион нанесе сериозни штети на граѓаните. Невремето во одредени делови предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот, како и времени прекини во снабдувањето со електрична енергија.

 

Во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје регистрирани се дојави за поплавени објекти во Црешево и Стајковци. Како што информираше градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски дождот нанесе сериозна материјална штета на индивидуалните земјоделци како и на инфраструктурата на каналската мрежа. До доцните вечерни часови општината заедно со Градот Скопје и Јавното комунално претпријатие работеше на расчистување на теренот, со цел како што информираше градоначалникот , да се стават во функција сите локални и магистрални улици. Георгиевски додаде дека во текот на денешниот ден се чисти каналската мрежа на патниот правец Брњарци-Стајковци-Сингилиќ, со цел да има поголема проточност одводниот канал што се наоѓа на територија на Општина Гази Баба. Доколку продолжат со ваков интензитет врнежите, градоначалникот Георгиевски потенцира дека не постои можност од нови поплави, бидејќи се навремено се чисти каналската мрежа. Општината врши 24 часовно наљудување на состојбата и како што рече Георгиевски, ставени се во функција сите расположливи средства и апарати.


А за критичните точки како што се подвозниците од Градот побаравме одговор, кои информираат дека градот перманентно ја следи состојбата со врнежите и целата расположива механизација и човечки ресурси на јавните претпријатија и Бригадата за Противпожарна заштита, се во постојана припртавност. Исто така, од Град Скопје информираат дека се следи состојбата на теренот и временската прогнопза, во комуникација е со државните институции кои се надлежни за делување во кризни состојби. Од Градот додаваат дека под постојан надзор е комплетната подзмна инфрсаструктура и сите можни критични точки за излевање на поголеми количества атмосферски води. Јавните претпријатија на Град Скопје се на терен и ги отстрануваат оштетувањата на инфраструктурата, настанати со претходните врнежи.


Од УХМР известуваат дека утре и во среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.