Започна асфалтирањето на улиците во новата населба Хиподром 2

Хиподром 2

Во новата населба Хиподром 2 започна асфалтирањето на улиците на кои е завршено поставувањето на водоводната и канализационата мрежа. Од општината информираат дека се работи на подготовка за асфалтирање на улиците и во повеќе населени места, а за зголемување на безбедноста на пешаците се градат и тротоари онаму каде што недостасуваат.

 

Во новата населба Хиподром 2 во која се изградени голем број куќи, започна асфалтирањето на улиците на кои веќе е завршена изградбата на водоводната мрежа и фекалната и атмосферската канализација. Во тек се активности за асфалтирање на новопроектираната ул.1, на која покрај асфалтирање се вршат градежни активности за изградба и на тротоари. Во новата населба за која првите договори со купувачите на парцелите беа склучени уште во 2012 година, градежните зафати за обезбедување основни услови за живот, според граѓаните многу споро се одвиваа, некои се жалат дека и покрај изградените куќу неможат да се вселат затоа што ги немаат основните услови за живот. Општината минатата година потпиша договор за изградба на водоводна и канализациона мрежа во новата скопска населба Хиподром 2 и овој зафат претставува продолжение на изведената инфраструктура во оваа нова населба. Општинските власти пред минатата година работеа на изградба на примарната водоводна мрежа во должина од 800 метри, атмосферската канализација во должина од 1,2 километри и фекалната канализација од околу 1 километар. Со сегашното темпо, како ќе се завршува изградбата на водоводната и канализационата мрежа ќе се пристапува кон асфалтирање и на останатите улици во оваа нова населба.


Главната цел на локалната самоуправа е да се овозможат сите предуслови за нормален живот на идните жители од населбата Хиподром 2, како и на оние кои веќе живеат тука. Урбанистичката документација за овој дел од Скопје предвидува изградба на 300 нови куќи за индивидуално домување и 12 станбени згради за колективно домување, а досега се изградени 2 згради, од кои во едната веќе има и станари додека другата е во завршна фаза.


Во населбата е предвидено да се изгради и основно училиште, градинка, амбуланта и спортски објекти.


Општина Гази Баба, дополнително во овој период работи и на подготовка за асфалтирање на повеќе улици и во останатите населени места. Граѓаните критики упатуваат и на социјалните мрежи за лошата состојба на некои улици во Трубарево, Инџиково, Јурумлери, Ченто. Од општината за 1-ва скопска велат дека во Трубарево се подготвуваат повеќе улици за асфалтирање, кои што беа раскопани поради поставување на канализациона мрежа, а согласно динамиката за асфалтирање се подготвуваат и улиците 3, 5, 7, 9, 11 и 13 во Инџиково, додека пак на ул.20 веќе е запОчнато асфалтирањето. Исто така се работи и на проширување на ул. Товарник која од мала и тесна улица ќе биде проширена, а од двете страни ќе бидат изградени и тротоари.


Тротоари во моментов се градат и во Трубарево долж улицата 2. односно се продолжува изградбата на тортоарот кој завруваше кај училиштето, па поради тоа децата од ова населено место одејќи кон училиште беа приморани за се движат по улицата. Со изградбата на тротоарот ќе им се овозможи на децата безбедно да се движат кон училиштето.

 

Марија Петковска

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.