ЈКП ,,Гази Баба 2007,, со повеќе надлежности и нови униформи

ЈКП ,,Гази Баба 2007,

Работниците во ЈКП ,,Гази Баба 2007,, денеска добија нови униформи и заштитна опрема со цел поефикасно да ги извршуваат своите работни задачи. Исто така се зголемуваат и надлежностите на претпријатието и тие освен со уредувањена зеленилото ќе бидат надлежни за спортските игралишта, водоводната и канализационата мрежа во руралниот дел на општината.

 

Денеска на работниците кои се задолжени за одржување на хигиената во Општина Гази Баба им беа доделени нови униформи и заштитна опрема. Бројот на работниците за шест месеци е двојно зголемен и сега изнесува над 70 лица, а оваа бројка ќе се зголемува поради потребите на 15-те рурални населени места во општината и според најавата од градоначалникот Борис Георгиевски оваа бројка ќе достигне над 100 работници. ЈКП ,,Гази Баба 2007,, кои досега беа задолжени само за одржување на зеленилото во општината, отсега ќе имаат и зголемени надлежности, односно под нивна надлежност ќе бидат спортските игралишта, водоводната и канализационата мрежа во руралниот дел во општината.


ЈКП,, Гази Баба 2007,, пред еден месец беше опремено и со нова механизација за поефикасно работење и уредување на општината. Набавени се косилки, рачен алат, багер, а ќе се набавуваат и дополнителни машини и опрема. Градоначалникот најави и дополнителни средства за ЈКП со ребалансот на Буџетот во јуни, како и финансирање на претпријатието со самоодржливи активности на пертпријатието кон други правни субјекти.


Во рамките на ЈКП постои и работилница за изработка на урбана опрема, корпи за отпадоци, клупи, мали фонтани, летниковци, истата е опремена со нов алат за работа а урбаната опрема ја поставуваат на целата територија од општината.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.