Крводарителска акција во општина Гази Баба

Крводарителска акција

Граѓаните на општина Гази Баба денеска имаа можност да се вклучат во крводарителската акција која што ја организираше општината во соработка со општинската организација на Црвенниот крст.

 

Денеска во просториите на општина Гази Баба општината во заедничка соработка со општинската организација на Црвениот крст Гази Баба и Центарот за трансфузиона медицина организираа едноденвна акција за дарување крв. Во акцијата која беше од отворен тип се вклучија граѓани од општината и дел од општинската администрација кои помогнаа да се зголемат крвните единици на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје. Целта на акцијата е да се покаже хуманоста и солидарноста на граѓаните преку дарување крв која може некому да спаси и живот. Оваа традиционална крводарителна акција ќе се одржи уште еднаш оваа година и тоа за денот на општина Гази Баба 3 ноември.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.