Прогласени победниците на училишните спортски лиги во Општина Гази Баба

Спортски лиги во Гази Баба

Во општина Гази Баба денеска беа прогласени победниците и беа доделени пехарите на учениците кои учествуваа на спортските училишни лиги кои годинава се одржаа по 12-ти пат. Во спортските игри се вклучени сите основни училишта со вкупно 1500 ученици кои се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини.

 

Во спотрската сала на ОУ Наум Наумовски Борче во општина Гази Баба денеска се одржа завршната манифестација на која беа доделени пехари и беа прогласени победниците на 12-те по ред училишни спортски лиги во кои се вклучени децата од одделенска настава. Во спортските игри беа вклучени сите 11 основни и едно подрачно училиште со вкупно 1500 ученици кои се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини. Целта на овие активности е да се спроведуваат што повеќе вакви активности за децата од одделенска настава, бидејќи овие деца се базата од каде што ќе произлезат понатаму врвни спортисти. Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски истакна дека со ваквите настани се анимираат децата што повеќе да се занимаваат со спортски активности , па токму затоа општината ќе се труди да што повеќе да вложува во спортот, а градоначалникот најави дека средствата кои општината ги обезбедува за спортот двојно ќе бидат зголемени следната година.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.