All for Joomla All for Webmasters

600 полуматуранти за прв пат танцуваа на плоштадот во Автокоманда

Полуматуранти танцуваа во Автокоманда

600 полуматуранти од сите 11 основни училишта во Општина Гази Баба денеска на Плоштадот во Автокоманда го танцуваа полуматурантскиот танц. Оваа манифестација која за прв пат се одржува во Општина Гази Баба и успеа да ги собере сите полуматуранти на едно место ќе стане традиција во општината.

 

Полуматурантите од Општина Гази Баба денеска на Плоштадот во Автокоманда го одиграа танцот на полуматурантите. Општина Гази Баба и студиото за танц Еурека за прв пат ја организираа оваа манифестација на која учествуваа 600 полуматуранти од сите 11 основни училишта во Општина Гази Баба. Оваа е прва манифестација за полуматурантите не само во општината, туку и во Македонија. Танцот на полуматурантите насловен ,,Од полуматура со танц култура,, започна точно напладне, а учениците пред да го одиграат танцот на плоштадот имаа дефиле од кружниот тек во Железара до Автокоманда на плоштадот на кој освен танцот на полуматурантите, беше организирана и забава за полуматурантите со настап на групите од студиотот за танц Еурека, како и настап на македонски пејачи и забава со ди џеј. Градоначалникот на Општината Гази Баба е задоволен од резултатот на оваа манифестација која за прв пат се организира и најави дека ова ќе стане традиција во општината.


Студиото за танц Еурека вложи огромен труд за оваа манифестација која резултураше со преполн плоштад од разиграни полуматуранти. Тренерите од студиото во училиштата го вежбаа танцот со полуматурантите, а Катерина Јолаковска од Еурека изјави дека би сакале оваа манифестација најпрво да стане традиција во оваа општина, а потоа да се прошири и во другите општини.

 

Марија Петковска

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.