Со грантови Општина Гази Баба ќе ги мотивира младите да ги реализираат нивните идеи

Мотивирање на младите во осмислувањето и реализацијата на нивните идеи, решавање на невработеноста и отворање сопствени компании, како и профестинален развој на студентите ќе понуди проектот на Општина Гази Баба со кој се доделуваат грантови во висина од по 100.000 денари за поттикнување и развивање на иновативноста кај студентите.

 

Со доделување грантови во висина од по 100.000 денари, Општина Гази Баба за прв пат стартуваше со поттикнување и развивање на иновативноста кај студентите. Целта е студентите рационално да го искористат своето време додека студираат и професионално да се развиваат преку овие проекти.

 

Грантови добија два проекта и тоа ,,Иновативен модуларен уред за контрола на наводнување,, на група студенти од Земјоделскиот факултет и проектот ,,Зелена лична карта на Дендро паркот,, од Шумарскиот факултет. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, истакна дека овие проекти ќе имаат значаен придонес во развој на општината и задржувањето на младите.

 

Иноваторите средствата ќе ги добијат во два дела. 50% ќе добијат пред имплементација на проектот, а другата половина откако истиот ќе биде завршен. Крајниот рок за реализација на проектите е 30-ти октомври оваа година.


На јавниот конкурс кој беше објавен на 12-ти април се пријавија три факултета од Гази Баба и тоа Факултетот за туризам и бизнис логистика, Факултетот за земјоделски науки и храна и Шумарскиот факултет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.