ЈКП ,,Гази Баба,, поставува нова урбана опрема во Хиподром и го чисти каналот во Трубарево

ЈКП ,,Гази Баба,, започна со монтажа на корпи за отпадоци и клупи во населба Хиподром. Покрај поставувањето нови корпи и клупи ќе се врши санација и на постоечките. Во текот на денешниот ден е започната монтажа на над 45 корпи и над 10 клупи, како и санација на повеќе од 15 веќе постоечки клупи.

 


Исто така ЈКП Гази Баба во текот на оваа недела ќе изработи нова фонтана која уредно ќе биде поставена на автобуската станица која ќе функционира на посебен вентил како би се спречило неконтролирано одлевање на водата.

 


ЈКП Гази Баба информираат дека и понатаму продолжуваат со изработување урбана опрема во рамките на можностите на работлиницата на претпријатието и монтажа на истите во останатиот дел од општината. Исто така упатуваат и апел до граѓаните на Општина Гази Баба за чување, коректно однесување кон поставената опрема и нивна хигиена.

 


Од ЈКП Гази Баба информираат дека денеска за прв пат ги пушти во употреба новиот багер и камион кипер, на пределот Трубарево - Ергеле за расчистување на каналот и создавање на корито за истиот. Акцијата ќе продолжи се до комплетно расчистувње на каналите и пуштање во повторна употреба.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.