Реконструкција и изградба на нови улици во Општина Гази Баба

Општина Гази Баба започна со градежни работи за асфалтирање на повеќе улици низ општината. Целосно е асфалтирана улицата 15 и улица 2 во населеното место Инџиково. Исто така се асфалтира и улицата 28 во населеното место Сингелиќ.


Од Општина Гази Баба информираат дека во следниот период согласно динамиката продолжуваат со асфалтирање и во другите населени места.


Општина Гази Баба првата фаза од големата акција за реконструкција и изградба на нови улици во општината ја започна уте во средината на април со поставување асфалт на новата улица до амбулантата во Ченто, а на улицата Товарник започнаа активности за проширување на улицата согласно планот.


Со оваа акција ќе бидат опфатени населените места Сингелиќ, Инџиково, Стајковци, Брњарци и Јане Сандански. Планот предвидува реконструкција како и изградба на нови улици во сите населени места.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.