Започна акција за чистење на Гази Баба, досега во Скопје се исчистени 220 диви депонии

 

Акција за чистење на општина Гази Баба започна денеска во населбата Хиподром, а планирана е истата да продолжи во населбите Маџари, Триангла, Ќерамидница, Ченто, Железара и Автокоманда. 

Стартот на акцијата го означија градоначалниците на општина Гази Баба и Град Скопје, Борис Георгиевски и Петре Шилегов кои потенцираа дека континуираното одржување на јавната чистота ќе овозможи успех во борбата против загадувањето на воздухот, на долгорочен план.

Помош за справувањето со нечистотијата и дивите депонии, надлежните побараа и од граѓаните. За ефикасна еколошка акција, градоначалникот Борис Георгиевски им се обрати на жителите на општината, уверувајќи дека зголемената свест за правилно постапување со отпадот, ќе има бенефит врз целокупното живеење. Покрај еколошката акција, Георгиевски најави и обнова на урбаната опрема.

 

 

Изминатиов период исчистени се 220 диви депонии, а и зголемен е интензитетот на работа на инспекциските служби кои веќе казниле 2 домаќинства за палење на пластични кабли и фрлање шут на недозволени места, истакна градоначалникот Шилегов.

 

 

Градоначалникот Шилегов потсети дека досега се чистело во општините Центар, Ѓорче Петров, Карпош, а следната седмица ќе се чисти во општина Бутел, со цел превенирање на состојбите кои може да предизвикаат загадување на воздухот.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.