Лоцирани критичните точки кои се директни загадувачи на воздухот во Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски оствари работна средба со заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули и раководителот на инспекторатот на Град Скопје, Мирослав Богдановски.

 

На средбата се разговарало за загадувањето во Гази Баба, како и за тоа дека веќе се лоцирани критичните точки кои се директни загадувачи на воздухот.

 

Како што информираат од Општина Гази Баба на средбата е договорено во следниот период да се врши засилен надзор на критичните точки, а да инспекциските служби заеднички да ги употребат сите законски можности за утврдување на причините за загадувањето и нивно санкционирање. Засилени заеднички контроли ќе имаат и комуналните редари со цел да спречат, формирање на депонии, како и палење на истите.

 

На средбата заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули го информирал градоначалникот Георгиевски дека старата и нефункционална мерна станица, ќе биде заменета со нова, со цел жителите на оваа општина во секое време да имаат информација за нивото на квалитетот на воздухот.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.