Одлично завршена првата планинска трка ,,Раштак треил,, во Општина Гази Баба

Во селото  Раштак во Општина Гази Баба на Скопска Црна Гора се одржа првата планинска трка “РАШТАК ТРЕИЛ” која е во организација на Општина Гази Баба и Маратон клуб “Делта”.

 

Целта на оваа трка која се организира за прв пат, е да се наметне спортскта култура кај граѓаните од секоја возраст и со тоа да се зголемува должинатра на трката секоја година. Оваа година беа пријавени околу 200 учесници кои се натпреваруваа во три категории: професионалци, полупрофесионалци и аматери, а се трчаа патеки во должина од 13,5 километри за професионалци, и 6,7 километри за полупрофесионалци и аматери.

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски рече дека ќе се заложи оваа трка да стане традиција и да се искористат сите природни убавини и капацитети кои се наоѓаат на територија на Општина Гази Баба и Скопска Црна Гора.

 

Една од учесничките на трката „Раштак Треил“ беше и Снежана Бачевкса Јосифовска која го освои третото место во женска конкуренција во трката за професионалци на 13,5 километри. Снежана со трчање се занимава 10 години и учествува на многу трки и маратони и вели дека се чуствува поздраво и поубаво, па им препорачлува на сите да се занимаваат со трчање.

 

Придобивките од трчањето ги истакна и Благоја Ацковски - Брзи кој има 66 години, а со трчање е активен секоја недела. Трча на подолги патеки, планински и полумаратони, а ќе трча се додека го служи здравјето.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.