Се отвори канцеларија за превенција во Сингелиќ

По Стајковци, и населеното место Сингелиќ доби канцеларија за превенција.

 

Целта на отворањето на канцелариите за превенција, е да се подигне нивото на безбедност, во местото на живеење, како и да се овозможи решавање на одредени проблеми на подрачјето на месната заедница Алија Авдовиќ.  

 

Како што информираат надлежните, еден ден во неделата службените лица од оваа канцеларија за превенција ќе им бидат на располагање на граѓаните од 9 до 14 часот, за се што ги интересира, или загрижува во врска со безбедноста, а ќе имаат средби и со позорни службеници.

 

Во канцеларијата ќе има простории и на ОБСЕ, на месната заедница, и на министерството за правда, што ќе овозможи вадење на матични книги. Ова е втора канцеларија за превенција која се отвара во општина Гази Баба.

 

Градоначалникот Георгиевски најави отварање и на трета канцеларија во населеното место Колонија Идризово.  

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.