Се олеснува комуникацијата на граѓаните со Општина Гази Баба

Општина Гази Баба им ги враќа надлежностите на месните и урбаните заедници на подрачјето на Гази Баба.

 

 

На 23 септември в недела во сите месни заедници од 17 до 20 часот ќе се спроведат избори на членови на совети на урбаните и месните заедници на територија на Гази Баба.

 

Како што најави градоначалникот Борис Георгиевски со тајно гласање ќе бидат избрани оние кои ќе бидат врската помеѓу граѓаните и општината, врска која ја изгуби својата вредност во изминатите години.

 

Градоначалникот Георгиевски додаде дека на овој начин се создава општина отворена и услужна за сите граѓани. Георгиевски очекува од нов избраните членови, целосно да се вложат во работата, за и тие да придонесат во развојот на општината и за доброто на сите кои живеат и создаваат во неа.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.