Општина Гази Баба со грантови од 1000 евра за децата од СОС Детско село

Од денеска до 23 септември пред платото на Скопје Сити мол се одржува Саемот за мали бизниси - Создаваме брендови во организација на СОС Детско село Македонија.

 

Саемот се одржува во рамките на проектот за социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади родители во социјален ризик, кој е поддржан од германското министерство за економска соработка и развој и Општина Гази Баба. Благодарение на добиен грант од СОС Детско село, 20 претприемачи ја започнаа претприемничката приказна.

 

Целта на проектот е да понуди поддршка и можности за вработување на млади кои се во социјален ризик. Оние кои покажуваат најмногу желба за напредок и кои се подготвени да го направат првиот голем чекор имаат можност да добијат финансиска поддршка за отворање на сопствен бизнис.

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски истакна дека во изминатиот период СОС Детско село има одлична соработка со Општина Гази Баба во рамките на потребите на ранливите категории на деца. На сите оние што имаат можност да започнат свој развоен бизнис и формирање на претпријатие, Општина Гази Баба отстапи барака што заедно со СОС Детско село и развојната банка на Германија ја направи како Ресурсен центар. Како што додаде Георгиевски Општината одвои како грант од 1000 евра за да можат овие лица да започнат бизниси.

 

Досега во рамките на проектот е поддржан 41 мал бизнис. Проектот соработува и работи во партнерство со Министерство за труд и социјална политика, општина Гази Баба, Агенција за вработување и Центар за вработување на град Скопје, Центар за социјални работи, УНДП, Црвен Крст, како и со многу познати компании од бизнис заедницата. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.