35 луѓе ќе се вработат во новиот дистрибутен центар на Прилепска пивара, во Идризово

Денеска во индустриската зона Идризово, во општина Гази Баба започна со градба нов диструбутивен центар за пиво и безалкохолни пијалоци на Прилепска пивара.

 

Објектот ќе се простира на површина од 5. 040 кадратни метри, на градежна парцела од 11. 500 метри квадратни, а се очекува да овозможи вработување за 35 лица од различни профили и со различен степен на образование. Првиот човек на Прилепска пивара, Кирил Самарџиоски денеска, го сподели патот до успехот со јавноста.

 

 Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски потенцираше дека оваа инвестиција ќе има голема важност за развивање на локалната економија, а и уверуваше дека општината и во иднина ќе работи на обезбедување поволни услови за инвестирање на домашните и странските компании.

 

 Инвестицијата доби поддршка и од вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој истакна дека со развојот на бизнисите на компаниите, се зголемува и бруто домашниот производ, кој е особено важен за развој на економијата на Македонија.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.