Искуства од Италија ќе се применуваат во Општина Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска оствари средба со италијанскиот амбасадорот во Република Македонија Карло Ромео.

 

Како што информираат од општината, на средбата е разговарано на неколку теми меѓу кои и можноста за збратимување на Гази Баба со Трст, црпење на искуства од Италија за успешно имплементирање на проекти од областа на заштита на животната средина, особено за рециклирање отпад и за соработка меѓу бизнис заедниците.

 

Како што беше договорено на претходната средба при посетата на Ромео во Општина Гази Баба, италијанскиот јазик веќе започна факултативно да се изучува и се најавува дека  во наредниот период ќе се реализира и во други училишта.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.