Италијански искуства за спроведување на проекти кои ќе се применуваат и во Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски се сретна со италијанскиот амбасадорот во Р.М. Карло Ромео.

 

На средбата како што информираат од Гази Баба било разговарано на неколку теми меѓу кои и можноста за збратимување на Гази Баба со Трст, црпење на искуства од Италија за успешно имплементирање на проекти од областа на заштита на животната средина, особено за рециклирање на отпад, како и за соработка меѓу бизнис заедниците.

 

Како што беше договорено на претходната средбата при посетата на амбасадорот Ромео во општина Гази Баба, италијанскиот јазик веќе почна факултативно да се изучува, а беше најавено и во наредниот период да се реализира и во други училишта на територија на Гази Баба.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.