Георгиевски: Значително се подобруваат условите во училиштата во Гази Баба

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на наставниците. Иако денес наставниците и учителките се помалку ценети во однос на порано, сепак тие оставаат важен печат на иднинината на нашите деца.

 

Во рамки на одбележувањето на овој ден во Општина Гази Баба се одржа работилница на која присуствуваа учителките од основните училишта на територија на Гази Баба. Градоначалникот Борис Георгиевски го честиташе овој ден и им порача на сите учителки и понатаму да продолжат да бидат столбот на образовниот систем, како што рече, расадникот на писменоста во земјава.

 

Георгиевски додаде дека ќе продолжи и понатаму да ги подобрува условите во училиштата, кои се на територија на Гази Баба за да овозможат достојни услови за децата.

 

Градоначалникот посочи дека Гази Баба ќе биде отворена општина со цел да помогне на било каков начин за подобрување на образовниот систем.

 

Инаку, за овој ден може да се каже дека учителството е благородна професија која секогаш е во насока на менторирање, мотивирање и афирмирање на знаењето што го пренесуваат на учениците. Учителите се и педагози, воспитувачи, но и добри пријатели и заштитници на детската душа во нејзиниот креативен и интелектуален развој.

 

.be

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.