Денеска и утре Меѓународен коњички турнир во Хиподром
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 13 Октомври 2018
Денека и утре во Хиподром се одржува меѓународниот коњички турнир кој одбележува јубилеј од 15 години, а кој за прв пат беше реализиран во чест на Др. Јосиф Наумовски, вљубеник во овој спорт во организација на Федерацијата на коњички спортови на Р.М.
На турнирот учествуваат над 50 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Хрватска, Турција, Романија, Словенија и Грција, меѓу кои и македонската олимписка надеж Лука Заложник.
Целта на овој настан е подигнување на нивото и квалитетот на натпреварите и на организацијата.
Од Општина Гази Баба информираат дека општината и понатаму ќе води сметка за развојот на спортовите и спортските клубови кои што се наоѓаат на нејзина територија, со цел да придонесе за здрава и силна младина во општина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс