Поставена бетонска подлога на новата фитнес зона во парк шумата Гази Баба

Во парк шумата Гази Баба почна поставувањето на бетонска подлога за новата фитнес зона.

 

Како што соопштија од Гази Баба наскоро граѓаните ќе добијат ново катче за спортување и рекреација.

 

Фитнес зоната ќе се простира на површина од 200 метри квадратни, а реквизитите кои ќе бидат поставени, ќе бидат прилагодени за секоја воздраст, а дел од нив ќе бидат и адаптирани за лица со хендикеп.

 

Општина Гази Баба е една од ретките општини кои посветува големо внимание на спортот и спортските активности. Вакви фитнес зони треба да се постават во секоја општина, со цел да се развива спортскиот дух кај младите.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.