Новиот дневен центар за деца со посебни потреби во Автокоманда ќе биде готов до крајот на јуни следната година

Општина Гази Баба е во завршна фаза со проектот за изградба на новиот дневен центар за деца со посебни потреби во Автокоманда.

 

Градоначалникот Борис Георгиевски, имаше средба со министерката за труд и социјална политика, Мила Цароска и заменик постојаниот претставник на УНДП во Македонија,  Нарине Сахакјан на која се разговарало околу финилизирањето на проектот.

 

Како што информираше градоначалникот Георгиевски тој центар треба да ги згрижи сите дечиња со посебни потреби од Скопје. УНДП за овој проект донира средство во износ од 33.700 евра, а остатокот од средствата ќе ги обезбеди Општина Гази Баба заедно со Министерството за труд и социјална политика.

 

Георгиевски додаде дека дневниот центар треба да биде готов до крајот на месец јуни следната година и ќе се простира на површина од 140м2. Центарот ќе биде ново катче со сите стандарди за децата со посебни потреби, а на местото каде сега се наоѓа во детската градинка во Железара ќе се добие простор за нова современа детска градинка која ќе работи во две смени. Градоначалникот истакна дека ова се прави со цел да се овозможат подобри услови за децата со посебни потреби, а од друга страна сместувачките капацитети за децата во градинките да се зголемат.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.