Вложување во спортот и понатаму приоритет во Општина Гази Баба

Општина Гази Баба по 13-ти пат беше домаќин на редовното државно првенство во карате. Натпреварот традиционално се одвива во ООУ "Наум Наумовски Борче" во Маџари, а во организација на карате федерација.

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски пред натпреварувачите посочи дека Гази Баба и понатаму ќе ги поддржува сите спортови кои ќе придонесат за здрав развој на младите, а идната година продолжуваат со доделување стипендии на талентирани спортисти како и поддршка на најдобрите индивидуални спортисти кои ја претставуваат општината на меѓународно ниво.

 

Во Општина Гази Баба во соработка со Агенција за млади спорт се гради фитнес зоната во парк шумата Гази Баба, а општината продолжува и со реконструкцијата и изградбата на нови спортски игралишта.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.