Доделени 82 решенија за субвенции на печки на пелети во Гази Баба

Во Општина Гази Баба денеска беа доделени 82 решенија на граѓани кои поднеле барање за субвенции за набавка на печки на пелети.

 

Како што информираше денеска градоначалникот Борис Георгиевски барање за субвенции поднеле 83 баратели, но еден граѓанин е одбиен поради некомплетни документи, односно стара фискална сметка.

 

Георгиевски пред присутните посочи дека го радува фактот дека на секој јавен повик се пријавуваат се повеќе граѓани кои се одлучуваат да користат еколошки грејни тела и материјали. Инаку од буџетот на општината за оваа намена беа одвоени 3 милиони денари.

 

Градоначалникот Георгиевски додаде дека и во идниот период, општина Гази Баба ќе продолжи  со реализацијата на еко акции и настани преку кои  директно ќе се влијае за оджување на чистотата на животната околина а особено врз подигниување на свеста кај граѓаните, дека сепак зависи и од нас каква средина на живеење ќе имаме.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.