Во Општина Гази Баба доделени 82 решенија за субвенции за набавка на печки на пелети

Градоначалникот на Оштина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска додели 82 решенија за субвенции за набавка на печки на пелети, соопшти Општина Гази Баба.

 

Посочуваат дека барање за субвенции поднеле 83 лица. Едно лице е одбиено поради некомплетна документација.

 

– Од општинската каса за оваа намена беа одвоени три милиони денари за 2018 година. Општина Гази Баба и во иднина ќе ја продолжи оваа мерка со што во континуитет ќе придонесеме за намалување на загаденоста на воздухот, изјави Георигиевски.

 

Од Општина Гази Баба велат дека доделувањето на субвенциите за набавка на печки на пелети е само една од мерките кои Општината ги преземе за зачувување на животната средина и намалување на загаденоста.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.