Фитнес-зоната во парк-шумата Гази Баба е пуштена во употреба

Во парк-шумата Гази Баба од денеска е пуштена во употреба фитнес-зоната, што се простира на површина од 200 метри квадратни.

 

Од Општина Гази Баба соопштија дека во фитнес-зоната се поставени реквизити за сите возрасти, како и дека дел од нив се адаптирани за лица со хендикеп.

 

– Опремата е по светски стандарди е наменета за физичка кондиција на целото тело. Овој проект се реализираше со помош на Агенцијата за млади и спорт, наведоа од Општина Гази Баба.

 

Фитнес-зоната денеска официјално беше отворена при посетата на градоначаникот на Гази Баба Борис Георгиевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.