Добиточниот пазар отсега под надлежност на о. Гази Баба

Пред само една недела пишувавме за затварањето на добиточниот пазар во Трубарево, и проблемите кои тоа им ги создаде на сточарите, трговци со добиток.

 

Имено откако Скопски пазар, под чија надлежност беше пазарот за добиток, поради како што информираа, неповолни економско-финансиски показатели во работењето, ја укина подружницата добиточен пазар, сточарите излегоа на улица, каде го продаваа добитокот.

 

Ова наиде на бурни реакции од локалното население во Трубарево, каде што добитокот можеше да се забележи на регионалниот пат Р103, но и од самите трговци кои се пожалија од ваквата одлука на Скопски пазар и побараа помош од надлежните институции помош во решавањето на овој проблем.

 

Во пресрет на барањата и потребите на продавачите на добиток, излезе општина Гази Баба. Имено со одлука донесена на редовна седница на советот на општината, добиточниот пазар од вчера е во надлежност на Јавното комунално претпријатие Гази Баба.

 

Како што истакна градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, со преземањето на пазарот, ЈКП Гази Баба ќе работи на овозможување подобри услови како за добитокот, така и за продавачите.

 

Добиточниот пазар работи еден ден во неделата, секој вторник.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.