Општина Гази Баба започна акција за отстранување на хаварисаните возила од јавните површини.

 

Откако дел од жителите на општина Гази Баба, реагираа до редакцијата на Прва скопска за проблемот со хаварисани возила кои ги узурпираат јавните поршини, информативната редакција излезе на терен со цел да им излезе во пресрет на граѓаните.

 

Одговор за проблемот со хаварисаните возила побаравме и од градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски кој потврди дека општинските служби интензивно ќе работат на решавање на овој проблем.

 

 

Општина Гази Баба денеска информираше дека започнала со акција за отстранување на хаварисаните возила од јавните површини. Како што информираат од општината, општинскиот инспекторат, акцијата ја започнал од населбата Автокоманда, населено место од каде пристигнаа најголемиот број на поплаки од граѓаните кои бараа да се дислоцираат хаварисаните возила.

 

Граѓаните кои имаат свое возило кое не е во возна состојба на јавните паркинзи, ќе имаат рок од 15 дена да ги дислоцираат возилата, а ќе бидат и означени со посебни налепници.

 

Доколку и понатаму возилата не бидат дислоцирани, инспекторите ќе постапуваат согласно законските мерки и отстранувањето на возилото ќе биде на трошок на сопствениците.  

 

Градоначалникот Борис Георгиевски е оптимист дека оваа акција успешно ќе се спроведе и дека граѓаните ќе соработуваат бидејќи дел од оние кои веќе добија  опомена, сами ги отстранија возилата.  

 

Првата фаза покрај Автокоманда ќе ги отпфати и Железара и Ќерамидница, а втората населбите Триангла, Хиподром и Ченто.

 

Целта на оваа акција е да се ослободат узурпираните паркинг места од хаварисани возила, а кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, велосипедистите, пешаците и животната средина.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.