ЗАПЛЕНЕТИ НАД 1 ТОН ГУМИ! Гази Баба во втора акција заплени гуми кои биле планирани за палење

Општина Гази Баба продолжува со мерки за зачувување на животната средина. Вчера општинските инспектори за животна средина запленија 1 тон и 50 кг отпадни гуми во ромското маало на ул. Методија Андонов Ченто, пред бензинската пумпа на Макоил.

 

Ова е втора акција каде се запленуваат отпадни гуми, претходно Општина Гази Баба, заедно со Инспекторатот на Град Скопје, Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007 и МВР заеднички учествуваа во акција на дивата депонија во Вардариште каде беа запленети 1 тон стари и уништени гуми кои се наоѓаа во дворовите на граѓаните, отпад кој досега беше пален на отворена површина, со што значително се загадуваше животната средина.

 

Вакви акции на инспекторатите ќе продолжат и во наредниот период кои континуирано ќе бидат на терен и ќе ја следат состојбата.

 

И понатаму останува апелот, сите граѓани да пријават палење на огнови или опожарување на јавни површини на бројот 193 за да можат институциите навремено да интервенираат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.