Запленети 2 тона стари гуми во Општина Гази Баба

Општина Гази Баба продолжува со акциите за заплена на отпадни гуми.

 

Како што информираат од Гази Баба, во последната акција на општинските инспектори за заплена на отпадни гуми, инспекторите запленија 1 тон и 50 кг отпадни гуми. Отпадните гуми се запленети во ромското маало на ул. Методија Андонов Ченто, поточно пред бензинската пумпа на Макоил.

 

Како што соопштина од Општина Гази Баба до сега во двете акции кои се направени за собирање на отпадни гуми заедно со Инспекторатот на град Скопје, Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007 и МВР запленети се вкупно 2 тона и 50 кг стари и уништени гуми.

 

Од Гази Баба велат дека и понатаму ќе продолжат ваквите акции со цел да се исчисти отпадот во општината.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.