Почна пријавувањето за најубаво украсени објекти во општина Гази Баба
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 12 Декември 2018
Општина Гази Баба ја продолжува традиција за избор на најубаво украсени објекти.
И оваа година општината повторно го распиша конкурсот за најубаво украсени дворови, тераси, заеднички простор пред зграда, простор пред стопански субјект, градинки и основно училиште.
Пријавувањето може да се направи на телефонските броевите 075/435155 и 072/255041, или лично на едношалтерскиот систем во општина Гази Баба, најдоцна до 24.12.2018 год. до 16,00 ч.
Пријавите потребно е да содржат податоци за контакт и адреса на живеење. Пријавените објекти ќе ги посети комисија од општината на 25 декември по 17 часот.
Целта на оваа новогодишна акција за украсување е заеднички да се разубави просторот на живеење и работење, со што секој поединец ќе даде свој придонес во новогодишното украсување.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс