(ГАЛЕРИЈА) Погледнете како ќе изгледа новата градинка во Стајковци, Општина Гази Баба

Општина Гази Баба започна со изградба на нова градинка во Стајковци.

 

Градинката се протега на површина од 1230 квадратни метри, во себе ќе содржи 6 занимални за деца од 2 до 6 години и една група јасли за деца до 2 години, со вкупен капацитет за 140 деца. Објектот ќе има три влеза, како и пристапни рампи за лица со инвалидитет.

 

Вкупната инвестиција за овој проект изнесува 30 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба, а изградбата се очекува да заврши до крајот на октомври 2019 година.

 

 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.