Општина Гази Баба во 2018 одлучи на местото на старата амбуланта во Автокоманда да изгради нова поликлиника

Старата и дотраена амбуланта во Автокоманда, која одамна не нуди соодветни услови за лекување на болни, ќе биде заменета со комплетно нова поликлиника, опремена со најсовремени апарати.

 

Ова го најавија градоначалникот на општина Гази Баба и министерот за здравство Венко Филипче, при денешната посета на амбулантата. Како што соопшти Георгиевски, општината е во фаза на донесување на деталната урбанистичка документација каде што со новата поликлиника ќе има и пропратни други содржини во делот на здравството и социјалата, кои ќе овозможат граѓаните од Автокоманда на едно место да ги добијат најнеопходните услуги.

                               

Министерт Филипче, посебен акцент стави на недостатокот од педијатри. Тој додаде дека со помош на министерството ќе се овозможи зголемување на бројот на лекари за деца, за да се избегне опасноста децата да останат без матичен педијатар.

 

 Министерот Филипче исто така рече дека е во процес и планот за овозможување на дополнителни дежурни служби и во останатите амбуланти, покрај постоечката дежурна служба во поликлиниката во Сингелиќ.

 

 

Архива 26 09 2018 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.