На плоштадот во Гази Баба се одржа традиционалната манифестација Пивтијада 2019

На плоштадот во Автокоманда денеска беше весело. Празнично расположените граѓани денеска се веселеа со музиката на неколку македонски изведувачи, во рамки на 11-тата по ред традиционална културна манифестација Пивтијада 2019, која традиционално се организира на верскиот празник Богојавление Водици.

 

Организатор на манифестацијата беше општината во соработка со Сојузот на жени на Гази Баба, а активно учество земаа сите урбани и месни заедници во општина Гази Баба.

 

Традиционалната манифестација ја отвори градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски, кој им порача на присутните добро здравје, благосостојба и бериќет.

 

Изложените пивтии беа продавани а најдобрите од нив добија и награди. Собраните средства од продажбата на пивтиите ќе бидат наменети за Детската клиника.

 

Изложувачите на пивтии велат дека традиционално секоја година се дел од оваа манифестација, и се задоволни од продажбата на пивтиите.

 

Посетителите велат за убавото расположение се заслужни музичките гости, и топлите напитоци. Некои од нив, Пивтијадата ја посетуваат секоја година, а други пак, за прв пат се тука.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.