За нови 20 деца се проширува градинката Морковче во Јурумлери

Во Општина Гази Баба интензивно се работи на проширување и подобрување на сместувачките капацитети во градинките.

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска најави проширување на градинката ,,Морковче” во н.м Јурумлери. Како што истакна градоначалникот Георгиевски целта е да се намали бројот на деца кои се на листата на чекање и родителите без проблем да ги запишуваат децата во градинка.

 

Објектот Морковче е изграден во 2012 година и не ги задоволување потребните капацитети и токму затоа ќе се доградува дополнително за уште една занимална, додаде градоначалникот Георгиевски. За оваа намена Општина Гази Баба издвои 2 милиона и 570 илјади денари, а со дополнителни 500 илјади денари обезбедени од буџетот на Министерството за труд и социјална политика, ќе биде опремена градинката. Доградената просторија на градинката ќе обезбеди сместување за уште плус 20 деца.

 

Георгиевски додаде дека со овие капитални проекти кои ги отпочнува општината, со проширување на постоечките капацитети и изградба на нови градинки, се зголемува капацитетот во градинките за нови 220 деца, со што се решава големиот проблем со сместувачкиот капацитет во детските градинки во Општина Гази Баба, со што листата на чекање ќе стане минато.

 

Директорката на градинката Емилија Николова информирање дека во моментов во овој објект има запишано околу 100 деца, а има уште 44 на листата на чекање. Со проширувањето на објектите листата ќе се намали.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.