Потпишан договор за проширување на две градинки во Општина Гази Баба

Општина Гази Баба и Министерството за труд и социјална политика, партнерски ќе работат на проширување и изградба на детските градинки.

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и министерката за труд и социјална политика, Мила Цароска ги потпишаа договорите за заедничка соработка кои се однесуваат на реализација и финансирање на активности за проширување и реновирање на детските градинки Морковче и Калинка.

 

Како што информираат од општината, со проширувањето на капацитетот во овие две детски градинки, како и со изградбата на новата градинка во Стајковци капацитетот се проширува за нови 220 деца.

 

Од Гази Баба велат, како општина во текот на оваа година започната е подготовка на техничка документација за изградба на детски градинки во Трубарево, Синѓелиќ, Ќерамидница и Инџиково.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.