Почнува со работа Центарот за едукација и доживотно учење во Општина Гази Баба

Во соработка со Општина Гази Баба и СУГС ,,8 Септември” ќе почне да работи Центарот за доквалификација и дообучување на кадри неопходни од електро и машинските струки, особено браварските струки кои во овој момент се дефицитарни на пазарот на трудот.

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски истакна дека целта на овој Центар е со благи вештини, веќе обучените и веќе школуваните ученици кои се невработени, да се доквалификуваат и да се стекнат со неопходно знаење и вештини.  Георгиевски додаде дека по завршувањето на обуките кандидатите ќе добијат сертификат за нивните вештини и образование, а на тој начин на пазарот на труд ќе излезат во пресред на бизнис заедницата, која во моментов има недостаток од овие кадри. Ова Општина Гази Баба го прави со цел младите по завршувањето на образованието да останат и да работат во земјава.

 

Директорот на училиштето Кемал Асани рече дека, пазарот на труд има потреба од оспособени лица, а училиштето е токму тоа што нуди таков кадар, машини и услови за да се оспособат учениците, а со Центарот за доживотно учење имаат можност да се оспособат лица и од другите струки кои имаат афинитети и сакаат да работат.

 

Директорот на Центарот за меѓуетничка толеранција, Владо Димовски истакна дека во изминатиот период е направено истражување за потребите на бизнис заедницата, во кое стои дека во Македонија има недостатот на средношколски кадар.

 

Димовски додаде дека секој што ќе почне да се обучува има и загарантирано работно место.   

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.