Комплетни информации за градежните парцели преку ВЕБ ГИС апликација на Општина Гази Баба

Општина Гази Баба ја доби веб апликацијата ГИС – Систем, која на граѓаните им нуди комплетни информации за градежните парцели, можност за преземање на општите и посебни услови за секоја градежна парцела, како и можност за преземање во дигитална форма.

 

Општината започна и со обуки на вработените кои наскоро ќе ја користат ВЕБ ГИС апликацијата за автоматско генерирање на изводи од план согласно законските рамки со сите потребни информации и атрибути за една градежна парцела.

 

ВЕБ ГИС апликацијата “Мап Навигатор” ги опфаќа сите важечки планови на територијата на општината и овозможува транспарентност кон граѓаните со јавниот приказ на постоечките ДУП-ови како и модул за спуштање на податоци за истите. Имено, секој заинтересиран граѓанин, инвеститори и геодетска компанија за изработка на елаборати, може преку ВЕБ ГИС интернет апликацијата да ја добие градежната парцела и објектот за градба во сразмерен CAD формат. Апликацијата овозможува автоматско известување на граѓаните преку е-маил за активностите на општината во секторот за Урбанизам (промена на ДУП, е-аукција за градежно земјиште, јавна анкета, одобрение за градба, итн), и Комунално (санација на улица, нови тротоари, промена на улично осветлување, итн).

 

На едно место граѓаните ќе можат да ги видат урбанистичките планови, катастерски регистар на градежните парцели и регистер на подземната инфраструктура како водоводна, канализациона и атмосферска мрежа. Апликацијата дава можност за добивање информации поврзани со целосната мрежа на урбана опрема во општината.

 

ГИС Системот е инвестиција која ќе овозможи заштеда, како и зголемување на приходите во општината, а на граѓаните во секое време ќе им даде релевантни информации за инфраструктурни и урбанистички прашања во општината, соопштуваат од Општина Гази Баба.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.