Почна изградбата на патека за биатлон во Гази Баба

Општина Гази Баба почна со изградба на патеката за биатлон. Како што информираат од општината патеката ќе биде во должина од 150 метри, ќе почнува од тунелот пред стрелиштето Камник и директно ќе се поврзе со самото стрелиште.

 

Од општината информираат дека оваа патека ќе им служи за тренинг на биатлонците пред европските и светски натпревари и е единствена во нашата земја.

 

Општина Гази Баба е горда на нашата репрезентативка во биатлон Викторија Тодоровска која бележи одлични резултати на натпреварите.

 

Општина Гази Баба секогаш ги поддржува спортските активности, а во изминатиот период има вложено многу во спортот како и во подобрување на условите за спортистите.

 

.be

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.