Општина Гази Баба и градот Скопје со заедничка акција ја чистеа парк шумата Гази Баба

Општина Гази Баба и градот Скопје, заедно со комуналното претпријатие ЈКП Гази Баба и ЈП Паркови и зеленило, со поддршка на Акцијаши – Скопје организираа голема еко акција за чистење на парк шумата Гази Баба.

 

Во вчерашната акција беа исчистени пристапните патеки и неколку критични локации каде беше регистрирано оставање на отпад. 

 

- Парк шумата Гази Баба претставува едно од нај зелените делови во градот Скопје. Прекрасно место за прошетка и рекреација. За жал многу од нејзините посетители недоволно се грижат за неа, оставајќи го ѓубрето зад себе, или пак уништувајќи ја поставената урбана опрема. Целта на оваа акција е да бидеме пример за сите оние кои ја загадуваат животната средина.  Да им покажеме дека кога сме во природа, треба и ѓубрето кое што сме го направиле, да го собереме и фрлиме во соодветни контејнери, истакна градоначалникот Георгиевски.

 

Парк шумата Гази Баба е прекрасно место за рекреација и спортување во срцето на градот Скопје и сите ние имаме обврска да го чуваме. Од нас граѓаните зависи дали природните убавини ќе ги претвориме во зелени паркови или во депонии.

 

- Градот Скопје секогаш во рамки на своите можности со јавните претпријатија ги помага ваквите иницијативи на општините. Парк шумата Гази Баба претставува една реткост и не многу градови во Европа можат да се пофалат дека во срцето на градот имаат вакво богатство и токму поради тоа кон оваа парк шума треба и така да се однесуваме, рече градоначалникот на град Скопје Шилегов.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.