Георгиевски: Проширувањето на градинката „Морковче“ во Јурумлери според планираната динамика

Проширувањето на градинката „Морковче“ во Јурумлери се одвива според планираната динамика. Ова денеска го изјави градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, кој заедно со службите на општината изврши увид во градежните активности.

 

– Градежните работи одат одлично, веќе се поставени темелите и целосната инфраструктура. Со оваа доградба правиме уште една нова занимална на површина од 74 квадратни метри, која ќе има капацитет за 24 дечиња. Покрај доградбата на новата занимална извршивме и пренамена на канцеларискиот простор што беше непотребен, сега овој простор е прилагоден во јасли група со капацитет за 22 дечиња, рече Георгиевски.

 

Иако оваа градинка е нова, како што рече, сепак, не го исполнуваше потребниот капацитет за сместување на децата. Преку извршеното проширување на градинката, вкупниот капацитет е проширен на 120 деца.

 

Општина Гази Баба го работи проектот за проширување на градинката „Морковче“ заедно со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во вкупна вредност од 3.070.000 денари. Општината од својот буџет одвои 2.570.000 денари, средства за изградба на објектот, додека МТСП учествува со 500.000 денари, средства наменети за опремување на градинката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.