Машинската и енергетската индустрија се соочуваат со недостиг од квалификуван кадар

Центарот за меѓуетничка толеранција во рамки на програмата за едукации, преквалификации и доживотно учење, во соработка со Општина Гази Баба и фондацијата Фридрих Еберт, спроведе истражување во компаниите од машинската и енергетско-електронската индустрија за потребите од квалификуван кадар за пазарот на трудот.

 

Во делот на истражувањето центарот оствари блиска соработка и со средното училиште на Град Скопје ,,ЕМУЦ 8 Септември “ кое е едно од поважните образовни институции која произведуваат квалификуван кадар за потребите на компаниите. Како што информираше претседателот на Центарот за меѓуетничка толеранција, Владо Димовски во истражувањето се опфатени 130 компании кои имаат седиште на територија на Гази Баба како и компании низ целата држава, а на  истражување се работеше околу 5 месеци. Според податоците од истражувањето во моментов компаниите најмногу имаат потреба од машински инженери, енергетски техничари, заварувачи, бравари, инсталатери, како и техничари за компјутерско управување.

 

Димовски додаде дека долги години во образованието се водела погрешна уписна политика. Со новиот конкурс на Министерството за образование повторно е истата од пред две, три, четири или пет години. Повторно се форсираат гимназиските паралелки, бројот на ученици таму се зголемува, наместо да се зголемуваат стручните занаети, паралелки што се потребни за компаниите и за пазарот на трудот.

 

Директорот на СУГС „ЕМУЦ 8 Септември" Кенан Асани информира дека опаѓа интересот за стручно образование, минатата година во училиштето се запишале само 14 деца.

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски ги охрабрува младите кои се уште не одлучиле каде сакаат да го продолжат своето образование, да одберат струка што ќе им донесе знаење и подготвеност, потоа со помош на општината и компаниите, полесно да дојдат до работа соодветна на нивното образование.

 

Георгиевски додаде дека ги ограбрува и компаниите да ги отворат вратите и да им дадат шанса на едуцираните млади, нивните знаење да го пренесат во нивните фирми.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.